Младиот репрезентативец на Хрватска, Петар Бочкај, добил отказ од својот клуб Осјек, бидејќи демолирал бензинска пумпа. Во петокот вечерта, враќајки се од концертот на Саша Матиќ, во алкохолизирана состојба, фудбалерот со својот автомобил намерно ја уништил бензинската, а потоа се обидел да избега од местото на настанот.
Причината поради која 22-годишниот Бочкај го предизвикал инцидентот е повеќе од бизарна. Тој бил лут бидејќи требало да почека да биде извршена смена во бензинската станица за да може да купи чоколадо.
„Со синоќешниот инцидент во доцните часови, кога под дејство на алкохол предизвика голема материјална штета и животно загрози неколку лица и при тоа обидувајќи се да избега од местото на на несреќата, тој ја заврши кариерата во нашиот клуб. ФК Осјек ќе побара правни мерки за да ја надомести штетата што ни е нанесена со неговото неодговорно и непрофесионално однесување“, стои во соопштението на ФК Осјек.