Top Sport

Младата репрезентација загуби од Србија

 

Младата фудбалска репрезентација на Македонија загуби од Србија во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2019 година, во Сан Марино и Италија. Во комплексот „Петар Милошевски“ на ФФМ, Србија славеше со 2:0, со головите кои во првото полувреме ги постигнаа Лукиќ и Живковиќ. Македонија со овој пораз ја прекина низата од 10 квалификациски мечеви на кои немаше пораз.

Македонскиот селектор Благоја Милевски во пресрет на натпреварот посочи дека Србија е фаворит на овој дуел и дека квалификациската пресметка нема да има ништо заедничко со мечот кој овие две селекции го одиграа во јуни на Европското првенство во Полска и таа негова констатција беше видлива на теренот.

Македонија успеа да и парира на Србија во воведните 15-тина минути и на моменти во вториот дел, кога Србите ја примирија играта и своите шанси ги чекаа од контранападите.

Ѓорѓев прв се закани по 18.минути игра, но неговиот добар одбид од 20 метри со парада го одбрани Радуновиќ.

Србија четири минути подоцна го постигна водечкиот гол, Радоњиќ проби по левата страна упати приземна топка на втората статива, а Лукиќ ја смести во голот. Потоа Асистентот Радињиќ ја погоди гредата, а по ударот на Пантиќ Чешмеџиев од гол линијата успеа да исфрли во корнер.

Мечот беше решен во 37.минута, кога играчот на Бенфика, Живковиќ биеше од колено од некои 25 метри и го погоди десниот горен агол од голот на Илиќ.

Србите ја добија битката на средината на теренот и на индивидуалниот квалитет. Македонија делуваше неорганизирано, со многу индивидуални грешки и како што рече по мечот селекторот Милевски „на моменти немаше дисциплина во играта“.

До крајот на натпреварот Македонија остана и со играч помалку, откако во 86.минута Чешмеџиев го доби вториот жолт картон.

На табелата во Групата 7 води Русија со 7 бода од три натпревари, истот толку бодови има и Ерменија но со меч повеќе, Србија е трета со шест бода од две средби, а Македонија и Австрија имаат по три пода по два одиграни натпревари, додека Гибралтар е последен без бодови.

Квалификавиите младите македонски фудбалери ги продолжуваат во вторник, кога во Португалија ќе играат против аутсајдерот Гибралтар.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top