Top Sport

Млади фудбалски ѕвезди кои ја обележаа 2017

УЕФА на својата официјална интернет страница го објави идеалниот тим за 2017 година, составен од „ѕвездите во подем“. Според критериумите на УЕФА за место во тимот конкурираа фудбалери не постари од 24 години, играчи кои дебитираа оваа година во Лигата на шампионите или фудбалерите кои направија финансиски големи трансфери и во новиот клуб покажаа дека ќе бидат идно големи ѕвезди во Лигата на шампионите.

Голманската позиција му припадна на Едерсон од Манчестер Сити, кој летово во овој тим пристигна од Бенфика.

Одбраната е составена од екс фудбалерот на Бенфика сега играч на Барселона Нелсон Семедо, потоа засилувањето на Тотенхем од Ајакс, Дејвисон Санчез, играчот на Баерн Минхен Никлас Шуле и бекот на Селтик Кјеран Тирни.

Тројката во средниот ред е Хари Вингс од Тотенхем, Талиска од Бешикатш и членот на европскиот првак Реал, Марко Асенсио.

Во нападот покрај Килијан Мбапе кој минатата сезона го предводеше Монако до пласман во полу-финалето, а летово се пресели во ПСЖ, се наоѓаат уште новата германска ѕвезда Тимо Вернер од Лајпциг и Димитри Оберлин од Базел.

Scroll to Top