Top Sport

Тотенхем ќе тргне по Лук Шо и Рос Баркли

Тренерот на Тотенхем Маурисио Покетино планира во јануарскиот преоден рок две засилувања, на бековската позиција и во средниот ред. Изборот падна врз Лук Шо од Манчестер јунајтед и Рос Баркли од Евертон.

Тотенхем игра добро сезонава во Лигата на шампионите, каде во Х групата, во конкуренција на Реал, Дортмунд и АПОЕЛ го освои првото место и избори осмина-финале со Јувентус.

Спарси добро тргнаа и во Премиер лигата, но неколкуте лоши резултати и пред се поразот од Манчестер Сити, го сместија тимот на петтата позиција на табелата на половина од сезоната.

За напорите кои го очекуваат тимот Покетино ги планира овие две засилувања до кои може да дојде.

Лук Шо (22), левиот бек на Манчестер јунајтед, сезонава има одиграно само седум минути во Премиер лигата, Мурињо воопшто не смета на неговите услуги. Јунајтед ќе го продаде овој играч доколку Тотенхем издвои околу 30 милиони фунти.

Нешто потешко за Тотенхем ќе оди реализацијата на трансферот на Баркли од Евертон бидејќи интерес за овој фудбалер покажува и Члеси.

Баркли (24) се опорави од повредата, подготвен е за игра, само е прашање во кој тим ќе настапува од јануари. Евертон мора да го продаде доколкус ака да заработи нешто, од причина што во јуни му истекува договорот.

Scroll to Top