Top Sport

Милвоки лесно до 2-1 во серијата со Орландо

Милвоки Бакс забележаа победа над Орландо Меџик 121:107 во третиот меч од меѓусебната серија во плејофот во НБА лигата. Милвоки водат во серијата со 2:1.

Екипата која го имаше најдобриот скор во регуларниот дел од сезоната прашањето на победникот го реши во првото полувреме во кое стекна предност од 27 поени (70:43).

Првиот дел од овој натпревар го обележа тепачката помеѓу Марвин Вилијамс и Џејмс Енис. Двајцата ведаш беа исклучени.

Орландо во второто полувреме успеа само да избори пристоен пораз.

Доминираше во победата на Милвоки Јанис Адетокумбо со 35 поени, 11 скока, 7 асистенции и 2 украдени топки. Гркот го следеа Крис Мидлтон кој постигна 17 и Брук Лопез кој реализираше 16 поени.

Кај Орландо се истакнаа Огастин со 24, односно Вучевиќ и Рајс со по 20 поени.

Scroll to Top