Top Sport

Младинската австриска репрезентација завршува на „иќ“

Австрија У-21 во четвртокот одигра пријателски меч со италијанската репрезентација, а нивниот селектор Вернер Грегорич имаше неверојатен избор на фудбалери со потекло од поранешна Југославија.

За место во У-21 тимот се борат следните фудбалери: Дарио Марешиќ, Стефан Периќ, Петар Глухаковиќ, Дејан Љубичиќ, Санди Ловрич, Иван Љубиќ, Хусеин Балиќ, Саша Хорват, Саша Калајџиќ, Адријан Грбиќ, Марио Квасина и Арнел Јакуповиќ. На мечот со Италија во игра влегоа Грбиќ, Хорват, Љубичиќ, Ловриќ, Љубиќ и Марешиќ.

За најголем талент меѓу овие фудбалери се смета стоперот на Штурм од Грац, Дарио Марешиќ, кој е дел од првиот тим од својата 15-та година.

Scroll to Top