Top Sport

Серена проговори за убиството на нејзината најстара сестра

Серена Вилијамс првпат проговори за убиството на нејзината најстара сестра Јетунде Прајс во серија интервјуа за онлајн шоуто „Диверсити“, продуцирано од Елен Деџенерис. Серена зборуваше за насилството со оружје по низата инциденти во американските училишта.

„Насилството со оружје директно влијаеше на мене. Мојата сестра беше убиена и тоа беше тешко време за мене и моето семејство. Мојата добротворна организација го носи нејзиното име и таму се обидуваме да помогнеме на жртвите на насилството. Тоа е дел од нашето општество долго време и мораме да зборуваме повеќе“, вели поранешната светска тенисерка број 1.

Јатунде Прајс беше застрелана во Комптон, Калифорнија во 2003 година како патник во автомобил.  Таа тогаш имаше 31 година и имаше три деца. Минатата година, нејзиниот убиец Роберт Максфилд беше пуштен од затвор, три години пред комплетирањето на 15-годишната затворска казна за убиство поради добро однесување.

Scroll to Top