Top Sport

Младиот талент на Ница украл часовник од 70.000 евра

Фудбалскиот клуб Ница ќе му врачи отказ на најголемиот талент од својата академија Ламина Дијаби. 18 годишниот фудбалер бил осомничен дека го ограбил соиграчот Каспер Долберг.

Минатиот петок локалниот „Ница матен“ објави дека Долберг кога по паузата, поради обврските кон репрезентацијата и одморот што го добил од тренерот поради стомачниот вирус, се вратил во клубот, во шкафчето не го нашол часовникот вреден 70.000 евра.

Данецот за кого Ница на Ајакс им платија 20,5 милиони евра, се заканил дека нема да игра и да тренира се додека не биде најден крадецот. Во соблекувалната пристап имале само фудбалерите од првиот тим.

Денес „Лекип“ пишува дека Дијаби бил тој што го украл часовникот. Доколку она што го пишува весникот е вистина тогаш Дијаби ќе добие отказ.

Дијаби од својата 13 година е во Ница, ги минал сите репрезентативни селекции на Франција, а за сениорскиот тим на Ница забележал шест настапи.

Scroll to Top