Top Sport

Бизарна казна за „случајот Гризман“

Барселона ќе платат бизарна казна бидејќи нелегално преговарале со Антоан Гризман. Францускиот репрезентативец потпиша договор со Барселона во моментот кога негвата откупна клаузула беше намалена од 200 на 120 милиони евра.

Атлетико тврдеа дека Барса мора да ја платата целата сума, бидејќи тие се договориле со фудбалерот и неговите застапници во март, кога клаузулата изнесувала 200 милиони евра.

Имале и докази дека застапниците за потписот добиле 14 милиони евра.

И покрај доказите што ги презентирале од Атлетико, судот ѝ додели смешна казна на Барселона.

Каталонците бидејќи преговарале со фудбалер под договор ќе мора д платат 300 евра.

Scroll to Top