„Виолетовите“ од Фиренца со високи 4-1 славеа попладнево на гостувањето кај Беневенто во Серија А.
Најзаслужен за овој триумф е младиот српски напаѓач, Душан Влаховиќ кој за едно полувреме со хет-трик ја покори екипата предводена од еден поранешен голгетер, Филипо Пипо Инзаги.
Во вториот дел за забележување е дека Ејсерик го постигна четвртиот гол за Фиорентина, а Јоница стрелаше прецизно за Беневенто.
Ова достигнување на Србинот ќе остане запишано затоа што ниту еден друг фудбалер кој го носел виолетовиот дрес не успеал за 45 минути да даде 3 гола.
Погледнете ја бравурата на Влаховиќ: