Младата фудбалска репрезентација на Македонија, со победа, ги заврши квалификациите за пласман на Европското првенство. Надежите славеа со 2:1 против Црна Гора, со што го обезбедија второто место, на табелата во Групата 7. За ѓал од групата на ЕУРО ќе играат младите Шпанци.
Без четворица стандардни играчи, избраниците на Благоја Милевски, одиграа добар меч, а само благодарение на црногорскиот голман, победата не е изразена со повеќе од еден гол разлика.
Првиот гол на мечот го постигна Марко Ѓорѓиевски во 13 минута, со тој резултат се замина на полувреме, а во 78.минута Бојан Миовски од пенал го зголеми водството на Македонија.
Конечниот резултат го постави Никола Крстовиќ во 85.минута.
Фото/FFM.mk