Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години доживеа неверојатен пораз од Германија на квалификацискиот турнир во Лисабон. Младите фудбалерки загубија со 13:0. По првото полувреме, Германките имаа водство од 5:0.
Првите четири гола за Германија ги постигна Гонзалес, а потоа во листата на стрелците се запишаа и Шмит, двапати Портеља, двапати Кругер, Родер, Баум, двапати Шолц.
Во групата се уште и селекциите на Португалија и на Унгарија.