Top Sport

Младите Украинци ја освоија светската титула (Видео)

Фудбалската репрезентација ја освои светската титула на Мундијалот за играчи до 20 години. Младите Украинци во финалето забележаа убедлива победа над Јужа Кореја 3:1.

До еден од најголемите успеси во историјата на државата младите Украинци дојдоа со пресврт, откако Јужна Кореја преку Ли Кангин од пенал постигна гол по само пет минути игра.

Пресврт во резултатот направи Вадислав Суприага кој погоди во 34 и 53 минута од натпреварот. Конечниот резултат во претпоследната минута го постави Ѓорѓи Циташвили.

Третото место го освои Еквадор со победата на Италија од 1:0.

ФИФА ги прогласи и најдобрите на турнирот. Најдобар голман е Украинецот Андри Лунин, кој е трет голман во Реал Мадрид, најдобар стрелец е Норвежанецот Ерлинг Халанд. Тој постигна девет гола сите против Хондурас во победата 12:0. Најдобар играч е Ли Кангин од Јужна Кореја.

Scroll to Top