Top Sport

МЛС сезоната ќе ја завршат во „Светот на Дизни“

Американската фудбалска лига (МЛС) по урнекот на НБА реши првенството да биде решено на завршен турнир кој ќе се одржи во комплексот „Дизни ворлд“ во Орландо.

Турнирот на кој ќе учествуваат сите тимови ќе започне на 8 јули и ќе трае еден месец. Сезоната во МЛС беше прекината по само две одигран кола на почетокот на март.

„Можноста да имаме 26 клубови во контроилирано окружување ни овозможува да го заштитиме здравјето на фудбалерите, тренерите и останатиот персонал. Исто така јасно ни е дека смртта на Џорџ Флојд ја фокусира нашата држава на расната неправда, нееднаквоста и насилството врз црномурните мажи и жени“, рекол комесарот на МЛС, Дон Грејбер.

Титулата во МЛС ја бранат фудбалерите на Сиетл Саундерс.

Scroll to Top