Во овие моменти екипата на Баерн Минхен го игра натпреварот од последното 34. коло во германската Бундес лига во кој со победа го освојува трофејот. На полувреме Баварците имаат предност од 1-0 против Ајнтрахт Франфурт.
Сепак, многу емоции пред почетокот на дуелот предизвика поздравот за тројца фудбалери кои оваа сезона го напуштаа клубот. Станува збор за Холанѓанецот Арјен Робен, Французинот Франк Рибери и Бразилецот Рафиња.
И Робен и Рибери заплакаа пред навивачите кои спремија посебна кореографија за нив.
Рибери е во Баерн од 2007 година, дојде од редовите на Олимпик Марсеј.
Робен од редовите на Реал Мадрид дојде во Минхен во 2009 година.
Рафиња во клубот е од 2011 година.