Top Sport

Надал е „преголем залак“ за Циципас, ново финале за Шпанецот во Рим

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал е првиот финалист на Мастерс турнирот во Рим. Шпанецот предмалку без поголеми проблеми го совлада 20-годишниот Стефанос Циципас и му се одмазди за поразот во Мадрид пред 7 дена.

Мечот траеше 103 минути, а конечниот резултат по гемови беше 6-3, 6-4.

Во првиот сет Надал разликата ја направи во вториот гем, направи брејк, а се останато беше рутина за искусниот тенисер.

Во вториот сет грчкиот тенисер потклекна во третиот гем и победата заслужено отиде кај „кралот на земјена подлога“.

Надал својот противник во борбата за трофејот ќе го дознае вечерва, откако во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Новак Ѓоковиќ и Диего Швартцман.

Scroll to Top