Голем број на професионални фудбалери се подготвени да се приклучат на Златан Ибрахимовиќ и Герет Бејл во протестот против користењето на нивните ликови во видео играта ФИФА 21 на „ЕА спортс“, тврди „Атлетик“.
Двајцата фудбалери, заедно со агентот на Ибрахимовиќ, Мино Рајола, преку Твитер ги повикаа „ЕА спортс“ и организацијата на фудбалери ФИФПро да реагираат за користењето на нивните ликови во видео играта, сметајќи дека тоа не го дозволиле. Сепак, во „ЕА спортс“ сметаат дека со договорите кои ги иамаат со нивните клубови, Милан и Тотенхем, се добиваат и правата за фудбалерите, стадионите и дресовите.
Иако не постои идеа за кампања за борба против „ЕА спортс“, се верува дека многу фудбалери охрабрени со потегот на двете фудбалски ѕвезди ќе се јават јавно против американската компанија. Другите извори пак, велат дека се работи за борба за влијание пред состанокот на ФИФПро во јануари, кога ќе се одлучува за реформа на правилата на фудбалските агенти и користењето на ликовите на фудбалерите.
Иронично, една друга поранешна фудбалска ѕвезда, Дејвид Бекам, неодамна по 23 години се „смири“ со „ЕА спортс“ потпишувајќи богат договор за користење на неговиот лик во играта.
.@Ibra_official Interesting… what is @FIFPro? ? #TimeToInvestigate
— Gareth Bale (@GarethBale11) November 23, 2020
Hope we get the answer to our letters now @Ibra_official https://t.co/IRwh2CDcL5
— Mino Raiola (@MinoRaiola) November 23, 2020
Somebody is making profit on my name and face without any agreement all these years.
Time to investigate— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) November 23, 2020