Top Sport

Многу среќа за Ерменците во првото полувреме (видео)

Македонската фудбалска репрезентација има негатива од 1:0 по првите 45 минути од важното гостување во Ереван кај Ерменија, откако домаќините со многу упорност и малку среќа дојдоа до минимална предност.

Ерменците по фијаското со Гибралтар (загубија 0:1 дома), влегоа мотивирани во мечот, иако борбата во поголемиот дел се водеше во средината на теренот.

Клучниот момент се случи во 12. минута кога ерменскиот Бразилец, Марко Пицели упати незгоден удар, на кој Столе Димитриевски лошо реагираше и домаќините дојдоа до водство.

Фото: Спутник.ам

 

Scroll to Top