Top Sport

„Плинарите“ на Червар го урнаа СЕХА „доминаторот“ Вардар (видео)

По првиот пораз во Лигата на шампионите оваа сезона, за „црвено-црните“ дојде и првиот пораз во лигата во која доминираат, СЕХА Газпром лигата, откако ППД Загреб на стариот познаник Лино Червар стигна до 26:23 победа над актуелниот шампион.

За Вардар ова е прв пораз по 31 меч во СЕХА лигата, неверојатна низа која се состои од 30 победи и едно реми.

Вардар подобро го отвори мечот и имаше предност од два поени во поголемиот дел на првото полувреме (0:2, 6:8), пред хрватскиот тим да се врати за 14:14 на полувреме. По ова мотивираните загрепчани стигнаа до предност од два гола, која „црвено-црните“ не успеаја да ја надополнат во интересниот финиш на натпреварот и се одлепија за вкупна 26:23 победа.

Златко Хорват беше најефикасен за Загреб со шест гола, додека по четири имаа Мандиќ и Сршен. За Вардар со четири најдобар беше Даинис Криштопанс.

Фото: СЕХА лига

Scroll to Top