Top Sport

Мо Салах би бил совршен наследник на Меси во Барса

Барселона гледаат во египетската ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, идеален наследник на Лионел Меси и би биле подготвени да дадат дури 250 милиони евра за него, тврди шпанскиот портал „Дон балон“.

Салах минатата сезона се промовираше во еден од најопасните напаѓачи во модерниот фудбал, и во Каталонија се доволно импресионирани да гледаат во него долгорочна инвестиција и совршен наследник на незаменливиот Лео Меси.

Според „Дон балон“, Барса прво ќе се обиде да го добие Килијан Мбапе, ако УЕФА го примора Пари Сен-Жермен да продава поради финансискиот фер-плеј, но главна цел следното лето останува Салах, кој исто така ќе треба да покаже на теренот дека минатата сезона не беше неговата најдобра.

Проблем ќе биде, секако, желбата на Ливерпул да ја продадат својата прва ѕвезда, но Барса веќе плати многу пари да го донесе Филипе Кутињо од „Енфилд“ и сигурни се дека добра финансиска понуда нема да биде одбиена.

Scroll to Top