Top Sport

Ватфорд ја стартуваше сезоната со три победи во низа! (видео)

Тимот на Ватфорд има совршен старт на новата сезона во Премиер лигата, откако во третото коло со 2:1 го совладаа тимот на Кристал палас, еден од ривалите за опстанок оваа сезона.

По победите над Барнли и Брајтон, Ватфорд ги освои трите поени и против Палас благодарение на одличното второ полувреме.  Роберто Переира во 53. минута донесе водство за „стршените“, за во 71. минута, грчкиот ветеран Хозе Холевас да постигна фантастичен гол за водство од 2:0. Досега само уште Ливерпул има три победи во три натпревари во новата сезона, иако Челси и Тотенхем можат да ги достигнат.

Палас одговори преку Вилфрид Заха во 78. минута, но до крајот на натпреварот не успеа да дојде до израмнувачки погодок. Палас имаат една победа и два порази во три кола во Премиер лигата.

Scroll to Top