Италијанскиот фудбал очигледно има проблеми со финансиите за разлика од славните години во 1980-тите и 1990-тите. Тимот на Модена е последна „жртва“, како 20 фудбалски клуб кој банкротирал во последните пет години на „чизмата“.
Популарните „канарини“ во понеделникот официјално беа исфрлени од „Лега про“, откако пропуштија четири меча оваа сезона, и на тимот му е забрането да го користи стадионот „Алберто Браља“, а играчите се на штрајк откако не земале плата цела сезона. Играчите ќе можат да заминат
Сега може да реагира само градоначалникот на Модена, кој има осум месеци да именува нови сопственици и да стартува нов тим во Серија Д.
Но, случајот на Модена не е единствен, ниту уникатен. Иако времињата се подобри од периодот кога Фиорентина, Наполи и Торино прво беа згаснати, а потоа „воскреснати“ во нови тимови, во пониските италијански лиги финансиските проблеми се чести.
Колапсот на Парма во 2014/15 предизвика многу внимание бидејќи се работеше за тим кој играше во европските купови и кој имаше фантастични играчи, останува фактот дека дури 19 тимови покрај Модена колабирале последните пет години. Покрај Модена само последните две години банкротираа, Сиена, Комо и Латина.
„Лега про“ потроши 500.000 евра да ги задржи Модена како тим, и покрај тоа што тимот беше регистриран на последниот ден и немаа каде да играат. Сега, во Италија има барања за построги правила за регистрација, а останува и фактот дека во ниските лиги има премногу тимови кои се натпреваруваат за премалку пари.
Минатата сезона, Пиза загуби четири поени за неисплаќање на платите, додека Латина беше банкротирана со 6 милиони евра загуба.
Благодарение на таканаречениот „Закон Петручи“, донесен од Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) и Италијанскиот олимписки комитет (ЦОНИ) во 2004 година, секој клуб кој ќе банкротира може да почне повторно со нова компанија и да ја задржи старата историја.
Меѓутоа, тимот мора да биде во истиот град, а градоначалникот ќе одлучи кој ќе го води клубот-наследник, кој мора да стартува од Серија Д, највисоката аматерска лига во Италија.