Top Sport

Моџи контра федерацијата: Што ќе ми направат, ќе ме стрелаат?

Поранешниот претседател на Јувентус, Лучано Моџи вели дека истрагата на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) за неговото присуство на младински меч помеѓу Наполи и Јувентус е бизарна и дека не му можат ништо.

85-годишниот Моџи беше доживотно суспендиран од сите нивоа на професионалниот фудбал во Италија како првообвинет во „Калчополи“ скандал по кој Јувентус беше пратен во втора лига, но никогаш не ја прифати одлуката и се жалеше во обид да ја тргне суспензијата.

„Живеам во Неапол и прочитав дека има меч помеѓу Наполи и Јувентус. Отидов во Черсола со двајца пријатели, кои ми покажаа каде е теренот бидејќи искрено не го познавам тој дел. Таму се сретнав со Песото, со кого се поздравив бидејќи беше еден од моите играчи. Зарем не смеам да зборувам со некого? Тие прво пратија луѓе во Торино да зборуваат со Песото, наместо да дојдат во Неапол и да се распрашаат. Јас сум човек кој може да се брани. Што ќе ми направат освен пак да ме суспендираат, ќе ме стрелаат?“, вели Моџи за „Калчомеркато“.

Тој останува малцински акционер во Јувентус.

Scroll to Top