Top Sport

Моџи: Маурицио Сари е лош за Јувентус и за фудбалот

Поранешниот директор на Јувентус, Лучано Моџи не е импресиониран од новиот тренер на клубот, Маурицио Сари, оценувајќи дека тој е лош за фудбалот бидејќи „секогаш бара некои изговори“.

Сари по 0:0 ремито со Фиорентина изјави дека не е пријатно да се игра на попладневното сонце, тврдејќи дека жештината во Фиренца била клучна за повредите на Даглас Коста, Миралем Пјаниќ и Данило. Тренерот на Интер, Антонио Конте (инаку играчка и тренерска легенда на Јуве) му порача да се смири бидејќи тој сега е на „моќна позиција“. Ниту Моџи не е импресиониран.

„Тој има навика секогаш да бара изговори. Тоа го прави секаде. Тоа е лошо за фудбалот и Конте беше во право што му одговори така. Секогаш сум тврдел дека да ја смениш играта треба да ги смениш играчите, а тој не го направи тоа. Јувентус имаат големи шампиони кои можат да се клучни во играта, но таа не се менува. Алегри си замина бидејќи заврши ерата и бидејќи сакаа да го сменат стилот на игра со напаѓачки фудбал. Тоа не се случи“, вели Моџи.

Конте: Сари да се смири, сега тој е на страната на моќта

Scroll to Top