Top Sport

Навивачите на Арсенал: Сократис е најлошиот бек во Премиер лигата пред Давид Луиз!

Грчкиот дефанзивец на Арсенал, Сократис Папастатопулос признава дека тој е виновен за 2:2 ремито кај Ватфорд во неделата, но ова малку им значи на навивачите на „топчиите“ кои веќе ја сменија неговата страница на популарната интернет-енциклопедија „Википедија“, во која го оценуваат како „најлошиот бек во Премиер лигата пред Давид Луиз“.

Арсенал беа на чекор до блескава победа со двата гола на Пјер-Емерик Обамејанг, но Ватфорд се врати по грешките на одбраната на гостите. Папастопулос му предаде топка на Џерард Деулофеу и Том Клеверли ја казни оваа грешка. По ова, Давид Луиз го „сопна“ Роберто Переира во шестнаесетникот и со пенал Ватфорд израмни. Сократис, кој дојде од Борусија Дортмунд минатото лето призна дека тој е виновен.

„Знам дека јас сум виновниот за овој резултат. Мојата грешка беше толку едноставна. Без мојата грешка ќе ги имавме трите поени. Не сакам да зборувам за другите, бидејќи јас направив грешка. Ништо друго“, изјави Сократис.

Но, навивачите на Арсенал, кои претходно му се „навртеа“ на Шкодран Мустафи како најголем виновник во одбраната на тимот, сега му се навртеа на Сократис. Затоа на „Википедија“ добро стои: „Сократис Папастопулос, попознат како Сократис е грчки професионален фудбалер кој игра како централен бек за премиерлигашот Арсенал и грчката репрезентација. Познат по своите киксови, најверојатно најлошиот централен бек во лигата пред Давид Луиз“.

Арсенал имаше 2:0 по пола час игра, на крај само реми со Ватфорд (видео)

Scroll to Top