Top Sport

Моџи: Погба повеќе мисли на караниците со Мурињо отколку на фудбалот

Поранешниот генерален директор на Јувентус, Лучано Моџи не очекува Пол Погба да се врати во италијанскиот клуб, бидејќи очигледно фудбалот не му е на прво место и поважно му е да се „расправа со Жозе Мурињо“.

Околу односот на Мурињо со Погба се напиша толку многу што дури и се појавија видеа од нивното однесување на тренинзите, а Французинот ја загуби капитенската лента поради конфликтот.

По ова се јавија шпекулации дека поранешниот клуб на Погба, Јуве може да го врати во Торино, но Моџи смета дека ниту тој, ниту толку фалениот Сергеј Милинковиќ-Савиќ немаат иднина во „црно-белиот дрес“.

„Погба и Милинковиќ-Савиќ? Прерано е да се зборува бидејќи летото е далеку, а сигурен сум дека Јувентус нема да прават договори во јануари. Двајцата би функционирале со тактиката на Масимилијано Алегри, иако во моментов Србинот не верувам дека би имал големо влијание, бидејќи не е во таква форма како лани. Истото се однесува и за Погба, кој повеќе размислува за расправањето со Мурињо отколку на фудбалот“, вели Моџи за „Калчомеркато“.

Scroll to Top