Top Sport

Ферари ја загуби моќта поради сензорите на ФИА?

Ферари ја загуби предноста во моќноста на својот мотор во Формула 1, во исто време кога Светската автомобилистичка федерација (ФИА) реши да постави нов сензор на двете „батерии“, компликуваните системи за поврат на енергијата, тврди угледниот германски „Ауто мотор унд спорт“.

Според податоците од трките во Сингапур и Сочи покажуваат дека Ферари веќе нема предност на рамното, што најдобро се покажа со тоа што Себастијан Фетел не успеа да го помине Луис Хамилтон на стартот на Руското ГП овој викенд.

Оваа ситуација доаѓа откако во првиот дел од сезоната, кога Ферари имаше очигледно најбрз болид, ривалите од Мерцедес постојано бараа „објаснувања“ од ФИА за различни делови на компликуваниот мотор, а самиот Луис Хамилтон изјави дека во италијанскиот тим имаат „трикови“. ФИА по неколку истраги постави нов сензор кај МГУ-К и МГУ-Х уредите и одеднаш Ферари ја нема предноста.

Дали ова значи дека Ферари имаа нелегален болид во првиот дел од сезоната останува нејасно, бидејќи ФИА постојано тврдеше дека е задоволна од болидот на италијанскиот тим.

Scroll to Top