Top Sport

Модриќ имал клучна улога во трансферот на Арда Ѓулер

Арда Ѓулер (18), офанзивниот играч за врска на Фенербахче, неочекувано стана една од главните ѕвезди на актуелниот преоден рок. Фабрицио Романо синоќа соопшти дека Реал драматично и брзо го решил неговиот трансфер, чија формална реализација се очекува денеска или најдоцна утре. Новинарот посочува дека Реал прбо ги договорил финансиските услови со младиот фудбалер и неговиот татко, додека доцна синоќа ги средил сите детали со Фенербахче.

Турскиот гигант постави отштетна клаузула од 17,5 милиони евра за неговото чудо од дете, но Реал ја префрли со понуда од 20 милиони евра и 20 отсто провизија на Фенер од следната продажба за да го украде Ѓулер од најголемиот ривал Барселона.

Имено, Ѓулер во изминатите денови се поврзуваше со Барселона, што го потврди и Џоан Лапорта. Но, поради лошата финансиска ситуација во која се наоѓа Барселона, Реал успеа да го донесе малдиот турски фудбалер.

Турскиот новинар Волкан Демир открива дека Лука Модриќ имал клучна улога во „киднапирањето“ на Ѓулер.

„Тој му се јави на Арда и му рече: „Јас заминувам следната сезона и сакам да ти ја предадам десетката“. Најважниот фактор што ја промени одлуката беше тоа што го повикаа Модриќ и Крос“.

Арда сензационално блесна во Фенербахче во неодамна завршената сезона, која ја заврши со шест гола и седум асистенции на 35 настапи.

Scroll to Top