Top Sport

Модриќ не е задоволен на клупата во Реал: Ми кажаа дека ситуацијата нема да се смени

Хрватската фудбалска легенда Лука Модриќ признава дека не е задоволен што ја „грее клупата“ во Реал Мадрид во новата сезона и дека не очекувал да биде поставен во ваква ситуација.

38-годишниот Модриќ го продолжи договорот со „кралевите“ уште една сезона, одбивајќи богата понуда од Саудиска Арабија, но веќе не е клучен во средината на теренот во тимот на Карло Анчелоти, и има само еден старт во првите четири меча од сезоната во кои одработе вкупно 133 минути. Во интервју за „Спортске новости“, Модриќ признава дека не очекувал ваква ситуција.

„Никој не е среќен кога не игра. Откако цела кариера бев стартер, ова чувство ми е посебно чудно. Но, тренерот одлучи така поради негови причини и нема да попуштам поради тоа. Токму спротивното. Тие сакаа да останам и јас имав иста желба. Единствен услов беше да ме третираат како конкурентен играч и да не ме задржуваат само поради минатото. Ми кажааа дека ништо нема да се смени и затоа потпишав. Свесен сум дека има конкуренција во средината на теренот, дека младите играчи се врвни и затоа се во Мадрид. Ние треба даим помогнеме да ги заземат нашите улоги и јас ќе работам напорно да се вратаам во составот“, вели Модриќ.

Scroll to Top