Top Sport

Модриќ во јануари пристигнува кај Меси во Мајами?

Лука Модриќ е подотвен, конечно, да крене раце од Реал Мадрид и во јануари да се пресели во Интер Мајами, каде што би бил соиграч со Лионел Меси, тврдат хрватските медиуми.

38-годишниот Модриќ со години му беше директен ривал на Меси, додека Аргентинецот беше дел од Барселона, но оваа сезона има минимална минутажа под Карло Анчелоти, кој има многу помлади играчи на нговата позиција. Самиот Модриќ признава дека се наоѓа во необична позиција, бидејќи имаше само еден старт во Ла лига.

Интер Мајами, кои веќе ги донесоа и старите пријатели на Меси, Жорди Алба и Серхио Бускетс во Америка, исто така се поврзувани со трансфер на ветеранот Луис Суарез.

Scroll to Top