Top Sport

Под притисок! Почетино бара газдите да му дадат поддршка за неговиот план

Менаџерот на Челси, Маурисио Почетино признава дека американскиот газда на клубот, Тод Бели е разочаран од стартот на сезоната во Премиерлигата, но побара од нив да го „поддржат планот“.

По 1:0 поразот од Астон вила на „Стемфорд Бриџ“, Почетино има само една победа во првите шест меча од сезоната, а овој меч беше трет лигашки во низа во кој воопшто не постигнуваат гол. По пласманот на 12. место лани, Челси сега се на 14. место со 13 поени негатива од лидерот Манчестер сити и покрај огромното трошење во текот на летниот преоден рок, по што англиските медиуми тврдат дека позицијата на Почетино станува неизвесна.

„Секако дека и сопственицитет се разочарани, но во исто време тие мораат да дадат поддршка на планот. Го имаме тимот кој го имаме, треба да ја зголемиме самодовербата и да им дадеме поддршка на фудбалерите да го дадат својот максимум. Перформансите се добри, можеби не одлично, но потребни ни се голови. Се надевам дека во среда ќе биеме попрецизни“, вели Почетино пред мечот со Брајтон во Карабао купот.

Scroll to Top