Лука Модриќ денеска го одигра последниот натпревар за Реал Мадрид. По натпреварот тој отиде во прегратките на своето семејство.
Хрватскиот фудбалер не ги задржа солзите, а плачеа и неговите деца и сопругата Вања.
Вања и нејзините деца, 15-годишниот Иван, 12-годишната Ема и 7-годишната Софија, често го бодрат Лука од трибините.
Модриќ се прости од Сантијаго Бернабеу и навивачите на Реал. Во последниот натпревар на култниот стадион во Мадрид, Модриќ и неговиот Реал го победија Реал Сосиедад со резултат 2:0. Двата гола за кралевите ги постигна Килијан Мбапе. Модриќ го напушта Реал на крајот на сезоната по 13 години.
Многу хрватски навивачи и навивачи на Модриќ го следеа на последниот натпревар за Реал Мадрид.
Пред неколку дена Лука на социјалните мрежи објави дека на крајот од сезоната го напушта Реал Мадрид.
„Драги фанови на Реал Мадрид, дојде моментот. Моментот за кој се надевав дека никогаш нема да дојде, но тоа е фудбалот, а сè во животот има почеток и крај… Во сабота, ќе го одиграм мојот последен натпревар на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Играњето за Реал Мадрид ми го промени животот, и како фудбалер и како личност. Горд сум што бев дел од еден од најуспешните периоди на најголемиот клуб во историјата. Од се срце сакам да му се заблагодарам на клубот, особено на претседателот Флорентино Перез, на соиграчите, тренерите и на сите што ми помогнаа на кој било начин во текот на сите овие години“, напиша меѓу другото во своето збогување Лука.