Top Sport

Модриќ: Англичаните не покажаа почит кон нас

Најдобриот хрватски фудбалер Лука Модриќ рекол дека тој и неговите колеги од репрезентација биле уште повеќе мотивирани да победат во полу-финалето, поради разните написи и коментари во англиските медиуми.

„Нивните медиуми говореа дека сме истрошени и дека сме мртовци што чекорат. Тие зборови ни дадоа поголема решителност да им докажеме дека згрешиле. Мораа повеќе да не почитуваат. Кога играте полу-финале заморот не постои. Знаете колкав е влогот и ние тоа го демонстриравме. по Аргентина ова беше нашиот најдобар натпревар“, рекол хрватскиот капитен.

Хрватска прв пат во историјата се пласира во финале на светско првенство. В недела, од 17 часот, противник на Хрватска во финалето ќе и биде Франција.

Scroll to Top