Top Sport

Модриќ е повреден – отпадна од комбинација против Русија и Словачка

Хрватската фудбалска репрезентација во среда на стадионот „Лужники“ во Москва ќе игра против Русија во меч од 4. коло во квалификациите за СП во Катар 2022 година.

Селекторот Златко Далиќ на овој меч нема да смета на услугите на Лука Модриќ кој отпадна поради повреда на коленото,потврдија денеска и од Хрватскиот фудбалски сојуз.

Модриќ нема да биде во составот ниту идната сабота кога „коцкастите“ ќе гостуваат кај Словачка, а евентуално негово приклучување на репрезентативните колеги може да се очекува на третиот меч од септемвриските квалификации, на 7. дниот месец на „Пољуд“ против Словенија.

Модриќ се повреди на тренинг пред минатонеделниот меч против Леванте (3-3). Вечерва него ќе го нема ниту на гостувањето на „Кралевите“ кај Бетис.


По 3 квалификациски кола за Мундијалот, Хрватска го дели првото место со Русија, со по 2 победи и 1 пораз.

Scroll to Top