Top Sport

Модриќ е прогласен за најдобар играч на Реал за изминатава сезона

Реал Мадрид немаше сезона за паметење. Во полуфиналето на ЛШ се елиминирани од Челси, а во последното коло не успеаја да стигнат ниту до титулата во Ла Лига.

Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ (36) е прогласен за најдобар играч во Кралскиот клуб во сезоната што неодамна заврши.

„Прво сакам да се заблагодарам за љубовта и поддршката која секогаш ми ја давате, тоа е нешто што ме исполнува со радост и со гордост. Се надевам дека наскоро сите ќе се видиме на теренот и заедно ќе уживаме во преубавиов спорт. Никогаш не сакам да зборувам за својата игра, но она што можам да го кажам е дека се чувствував добро. Уживав. Многу играв и задоволен сум со мојот учинок. Она што најмногу се истакнув сезонава е нашата борба, беше тешка година и уште без публика. Но овој клуб те учи да играш до крајот“ рече Модриќ за клупскиот сајт.

Тој на социјалните мрежи денеска се прости и со неговиот тренер, Зинедин Зидан.

„Господине, беше голема чест да се игра за тебе и да се победува со тебе. Најдобар си. Ти посакувам среќа“ напиша Модриќ на Инстаграм до заедничката фотографија.

Scroll to Top