Реал Мадрид потврдија дека Лука Модриќ ќе остане во клубот уште една сезона. Модриќ, претпладнево го потпишал новиот договор. Модриќ има 35 години и доколку капитенот Серхио Рамос го напушти Реал, тогаш тој ќе биде највозрасниот играч во клубот.
Лука Модриќ дресот на Реал го носи од 2012 година, што значи дека наредната сезона ќе биде негова десетта на „Сантијаго Бернабеу“.
Според медиумите Модриќ се согласил наредната сезона, која веројатно ќе биде и негова последна во кариерата, да ја игра за значително помала плата.
Лука Модриќ досега одигра 391 натпревар за Реал, постигнал 28 голови и забележал 61 асистенција.