Top Sport

Модриќ ќе го пропушти мечот со Челси

Лука Модриќ најверојатно ќе го пропушти натпреварот со Челси во Лигата на шампионите. Реал, во среда, ќе гостува во Лондон во реваншот од полу-финалето во Лигата на шампиони. Првиот меч во Мадрид заврпи без победник 1:1.

Лука Модриќ има проблем со повредата на грбот, поради која не играше против Кадиз, а против Бетис одигра 70.минути.

„Марка“, пишува дека хрватскиот репрезентативец, викендов нема да биде во тимот на Реал против Осасуна и дека голема е веројатноста тој да не настапи и против Челси.

Според овој извор, од претпазливост, дуелот со Осасуна, ќе го пропушти и Тони Крос.

Scroll to Top