Top Sport

Модриќ ќе ја заврши кариерата во Реал

Лука Модриќ (33), ако што пишува „Ас“, ќе остане во Реал и по истекот на договорот во 2020 година. Истиот извор тврди дека Хрватот ќе ја заврши кариерата во „кралскиот клуб“.

Во текстот „Ас“ пишува дека Златната топка влијаела врз одлуката околу останувањето во Реал. Интерес за Модриќ минатото лето покажуваа од Интер, а во зимскиот преоден и од Кина се распрашувале за не него.

Модриќ наскоро ќе добие нов договор, до 2021 година и според „Ас“ ќе биде најплатениот играч во тимот на Реал.

Scroll to Top