Top Sport

Харден броеше до 44, скромна партија на Јокиќ (Видео)

Џејмс Харден ја продолжи својата неверојатна низа и во победата на Хјустон над Финикс 118:110. „Брадата“ постигна 44 поени, на кои придодаде осум скока и шест асистенции. Бекот на Хјустон на последните 30 натпревари има просек од 40 поени, а на 20 натпревари сезонава постигнал најмалку 40 поени.

Против една од најлошите екипи во лигата, Харден доби помош од Крис Пол (18 поени) и Кенет Фарид (17 поени, 14 скока).

Кај Финикс се истакнаа Џош Џексон со 25 и Кели Урибе со 23 поени.

Денвер кај Детроит го запишаа најтешкиот пораз сезонава. Пистонс го победија Нагетс 129:103.

Првата ѕвезда на Денвер, Никола Јокиќ постигна 16 поени (7/17 од поле). Најефикасен кај Нагетс беше Треј Лајлс со 20 поени. Детроит ги предводеа Андре Драмонд со 27 поени и 12 скока, односно Стенли Џонсон со 21 поен.

Индијана Пејсерс забележаа победа во Њу Орлеанс против Пеликанс 109:107. Хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ постигна 14 поени за Индијана.

Сакрамнето Кингс беа подбри од Сан Антонио Спарс 127:112. Српските репрезентативци Богдан Богдановиќ и Немања Бјелица имаа скромен учинок од шест, односно седум поени.

Scroll to Top