Top Sport

Модриќ на принудна пауза

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ краток период ќе отсуствува од тимот на Реал поради повреда.

Заморот на мускулите пропратен со болки во колкот ќе го оддалечи играчот од средниот ред на „кралскиот“ клуб надвор од теренот во следните десет дена.

Периодот што не го минува со тимот Модриќ го користи за тренинг во теретана.

Тренерот на шпанскиот великан, Карло Анчелоти нема да може да смета на Мордиќ на натпреварите со Осасуна и Хетафе, како и во двомечот со Шахтјор во Лигата на шампионите.

Целта на Реал е Модриќ да биде целосно подготвен за „Ел Класико“ закажано за 16.октомври.

Scroll to Top