Top Sport

Модриќ најблиску до „Златната топка“

Француските медиуми пишуваат дека Лука Модриќ е главниот фаворит за „Златната топка“, престижа награда што ја доделува „Франс фудбал“.

Играчот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Хрватска, според истите извори, води откако биле избројани половина од гласовите. Зад него се француските фудбалери, играчот на ПСЖ Килијан Мбапе и неговиот соиграч од Реал, Рафаел Варан.

Модриќ, годинава, благодарение на европската титула со Реал и пласманот со Хрватска во финалето на Светското првенство, веќе ги освои наградите на УЕФА и ФИФА за играч на годината.

„Франс фудбал“, наградата ќе ја додели на 3.декември. Во изминатата деценија, наградата по пет пати, ја освојуваче Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Scroll to Top