Top Sport

Модриќ не е избран за еден од капитените на Реал

Реал Мадрид ги објави имињата на четворицата капитени за сезоната 2018/2019. Како и во изминатите сезони, предводник на Реал е Серхио Рамос, а негов заменик Бразилецот Марсело.

Трет избор за капитен на тимот, исто како и минатата година е Карим Бензема, додека мало изненадување претставува четвртиот избор за капитен, односно играчот кој го зазеде местото на Кристијано Роналдо.

Тоа е Рафаел Варан, инаку заменик капитен во француската репрезентација.

Изборот на Варан веројатно е логичен, но за навивачите претставува изненадување, бидејќи меѓу капитените го нема Лука Модриќ, според УЕФА најдобриот играч во Лигата на шампионите за минатата сезона.

Можеби во Реал сметаат дека Модриќ не е доволно важен играч за да таа улога, или пак претседателот Флорентино Перез, сака на некој начин да го казни, бидејќи во летниот преоден рок се поврзуваше со трансфер во Интер.

Според некои, ова значи, дека многу бргу ќе заврши „љубовта“ помеѓу Реал и Модриќ.

Scroll to Top