Top Sport

„Модриќ не е најдобриот во историјата на Хрватска“

Дарко Панчев вели дека Лука Модриќ не е најдобриот фудбалер во историјата на Хрватска и Балканот, но дека сите награди што ги добил заслужил да ги добие.

„Златната копачка“ на Европа од 1991 година во интервју за „Вечерњи лист“, одговорил и на прашањето дали е Лука Модриќ најдобриот играч во историјата на Балканот, со оглед на сите индивидуални признанија што ги освоил во 2018 година.

Инаку, претходно ниту еден играч од овие простори не успеал да стигне до ниту една од наградите што ги доби Модриќ (Златна топка на Франс фудбал и ФИФА Бест).

„Секако дека Лука Модриќ е голем играч, еден од најголемите на овие простори. Но фудбалот поради тоа е интересен, многу дава, но многу работи знае и да одземе. Мислам дека тој не е ниту најдобриот хрватски играч во историјата, а секако дека не е најдобриот на овие простори. Без оглед на сите награди што заслужено го доби“, рекол Панчев.

Scroll to Top