Top Sport

Роналдо: Не бркам рекорди, тие ме бркаат мене

Кристијано Роналдо синоќа забележа уште еден рекорд. Во Киев го постигна 700 гол во кариерата. Сепак неговиот 95 гол за Португалија не беше доволен неговата репрезентација да остане непоразена во Украина (2:1).

„Рекордите доаѓаат природно, јас не ги бркам, тие ме бркаат мене“, им изјавил Роналдо на новинарите во Киев.

„Ова е убаво остварување во мојата кариера, но вкусот е горчлив бидејќи не победивме. Игравме добро но не победивме“, заклучил напаѓачот на Јувентус.

Scroll to Top