Поради своите фудбалски изведби на теренот, Лука Модриќ (36) пак е во центарот на хрватската, шпанската, но и во светската јавност.
Завчера вечерта, на мечот во Доњецк против Шахтјор во ЛШ, Лука Модриќ беше главниот мотор на Кралскиот клуб кој славеше убедлив триумф, 5-0.
„Му асистираше на Винисиус како што други не би успеале ниту на PlayStation“ или „Модриќ ја исфрли одбраната на Шахтјор не како да игра со нога, туку како да црта со молив“ се речениците што за Хрватот ги пишува во тиражната „Марка“.
Освен виртуозноста, се почесто се истакнува и неговата издржливост
„Лука покажува сјајна форма, немам никаква потреба да го ротирам, тој не е дете. Можеме само да уживаме во неговото искуство. Тој, Крос и Касемиро освоиле се, но и понатаму се гладни за трофеи“ рече тренерот на Реал, Карло Анчелоти.
И самиот Модриќ ја потврди својата кондиција.
„Физички се чувствувам одлично, не сакам кога седам на клупа, кога тренерот ме одмора, сакам да играм и верувам дека уште неколку години можам на ова ниво“ рече Модриќ.
Кога ќе се погледне учинокот на некои од најдобрите фудбалери од средниот ред во 21. век, Иниеста на 34 години отиде во Јапонија, Џави на 35 во Катар, а Џерард на 35 во ЛА Галакси. Зидан и Виеира на 34 веќе заминаа во „пензија“.