Top Sport

Модриќ: Не сме во криза, но не сме ниту на посакуваното ниво

Официјално најдобриот фудбалер во светот, Лука Модриќ, открил дека атмосферата во екипата на Реал Мадрид, не била добра по поразот од ЦСКА (1:0) во лигата на шампионите.

Реал има два пораз и на последните три натпревари, на кои не успеа ниту да постигне гол. Претходно Реал одигра 0:0 со Атлетико и беше поразен 3:0 во Севилја.

„Не очекувавме дека тука ќе ги оставиме бодовите. Во овој момент атмосферата во соблекувалната на Реал не е најдобра. Ќе мора да најдеме сили да се вратиме во натпреварите што се пред нас“, рекол Модриќ и продолжил.

„Загрижувачки е што не можеме да постигнеме гол, но ќе го решиме и тој проблем. Не би кажал дека сме во криза, но дефинитивно не сме на нивото на кое треба да бидеме“.

Реал наредниот натпревар ќе го одигра в сабота, кога во осмото коло во Примера, ќе гостува кај Алавес.

Scroll to Top