Лука Модриќ вели дека прво треба да покаже дека заслужува нов договор во последните недели од сезоната 2022/23, пред да потпише продолжување на соработката со „кралевите“.
Модриќ и на 37 години е еден од клучните играчи во тимот на Карло Анчелоти, откако последните неколку сезони се решаваше на едногодишно продолжување на договорот според политиката на Реал за играчи над 30 години. Шпекулациите последните недели велеа дека Реал ќе бара тој да се повлече од хрватската репрезентација ако сака договор, но Модриќ вели дека ситуација е многу едноставна.
„Го давм мојот максимум и сакам да заслужам да продолжам со Мадрид. Не можам да направам ништо повеќе. Секогаш сум имал многу добри односи со клубот и тоа нема да се смени. Како и лани, нема брзање. Имаме уште половина сезона и многу предизвици пред нас и затоа сум фокусиран на работата“, вели Модриќ за „Марка“.