Top Sport

Модриќ решил да го напушти Реал

Лука Модриќ (32) на своите најблиски им открил дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти мадридски Реал и ќе се врати во Премиер лигата, тврди Диарио гол.

Шпанскиот портал објави дека Модриќ сам решил да замине од Мадрид, најмногу и поради шпекулациите дека клубот е заинтересиран за Миралем Пјаниќ од Јувентус.

За Мордиќ најзаинтересиран бил Ливерпул, чие раководство било подготвено да плати 60 милиони евра, а интерес за хрватскиот репрезентстивец покажал и Арсенал.

Модриќ во Реал пристигна од Тотенхем за сума од 30 милиони евра во јуни 2012 година. Претходно четири сезони настапуваше за Тотенхем.

Со Реал ги има освоени сите титули во клупскиот фудбал, од кои три во Лигата на шампионите.

Scroll to Top