Top Sport

ПСВ го декласира Ајакс и ја освои титулата (Видео)

Фудбалерите на ПСВ Ајндховен ја освоија шампионската титула во Холандија. ПСВ до 24.титула во клупската историја дојдоа со убедливата победа 3:0 над најголемиот ривал Ајакс.

Гастон Переиро и Лук де Јонг го скршија отпорот на Ајакс уште во првото полувреме, а конечниот резултат го постави Стивен Бергваин во второто полувреме.

Екипата на тренерот Филип Коку на три кола до крајот на сезоната има недостижни десет бода предност во однос на Ајакс.

Ова е третата титула за ПСВ во последните четири сезони.

Scroll to Top