Top Sport

Модриќ: Роналдо ми кажа дека ја заслужив наградата на УЕФА

Лука Модриќ по завршувањето на пријателскиот натпревар помеѓу Португалија и Хрватска, рекол дека Кристијано Роналдо му ја честитал наградата што му ја додели УЕФА за најдобар играч во Лигата на шампионите.

Поранешниот соиграч на Модриќ, наводно бил лут што наградата не ја добил тој, поради што не присуствуваше на доделувањето на наградите во Монте Карло.

„Имам добар однос со Кристијано Роналдо и тоа така и ќе остане. Индивидуалните награди се важни, но јас не сум опседнат со нив. Кристијано ми испрати порака. Ми честиташе на наградата и напиша дека е среќен што јас ја добив, бидејќи сум ја заслужил. Напиша дека со нетрпение чека повторно да се сретнеме“, рекол Модриќ.

Пријателскиот натпревар заврши без победник 1:1, а Кристијано Роналдо не настапи на овој натпревар.

Scroll to Top